Кошничката е празна

Грижа за клиенти

Што претставува NAJBRZO.mk

NAJBRZO.mk е платформа за продажба и купување на интернет (е-трговија), формирана од страна на ХИТКОМ СКОПЈЕ ДООЕЛ.Првично, на нашата платформа се продаваат технолошки производи кои се дистрибуираат до крајните потрошувачи од страна на ХИТКОМ СКОПЈЕ ДООЕЛ, но платформата нема да биде ограничена само на нашите производи туку на неа може да се нудат и производи кои се дистрибуирани од други компании.

Cоработка

Ако имате производи која се дистрибуираат класично во Македонија и сакате да се продаваат на нашата интернет платформа преку NAJBRZO.mk, контактирајте не нас на [email protected] или на телефонскиот број +389 74 200 509

Исто така доколку сакате да работите со поголема количина од нашите производи или да дистрибуирате на вашите веќе постоечки клиенти (банки,институции,организации,компании и сл) и да ги користите дополнителните попусти контактирајте не на [email protected] ќе го анализираме случајот и ќе се обидеме да најдеме заедничка корист од нашата соработка.

Она што го разликува NAJBRZO.mk од другите
На нашата платформа продававме само производи кои се на залиха,кои се спремни за нарачка и непосредна испорака.Ако производите за кои сте заинтересирани се наоѓаат на нашата веб страна можете да ги нарачате и ќе бидат доставени најдоцна за 24 часа.

Каде сме?

Производи презентирани во NAJBRZO.mk можат да бидат видени и купени во нашиот изложбен салон на улица Козара бр.30/1-4 Скопје.Поради дополнителните трошоците може да се случи цените да се разликуваат од цените на интернет страната.

Адреса:
ул.Козара број 30/1-4 Скопје Македонија

Контакт

Во разговор во живо на нашата страница
На телефонот +389 74 200 509 (Viber,WhatsApp, Skype)
Е-пошта [email protected]
или на нашата фејсбук страна fb.com/najbrzo.mk

Како може да се изврши нарачка?

Процесот на купување на оваа страница е многу едноставен
Чекор 1 - Изберете го производот и потоа кликнете на ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА
Чекор 2 - Кликнете на копчето ИЗВРШЕТЕ НАРАЧКА
Потоа, продолжете со пополнување лични информации и информации за контакт.

Начин на плаќање

Со цел да се олесни начинот на плаќање, можете да платите преку дебитна / кредитна картичка, Paypal, банкарски трансфер или во готово при испорака на производот.

Испорака на нашите производи се врши низ целата територија на Македонија.
Испораката на производи за сите македонски граѓани се врши во рок од 24 часа, а трошокот за испорака е 150 денари.

Нарачки

Сите ваши нарачки можете да ги имате на увид во менито за историја на нарачки.

Гаранција

Нашите производи имаат гаранција од производителот.

Откажување на нарачката

Ако поради која било причина сакате да ја откажете нарачката, тогаш можете да го сторите тоа со испраќање на неформален e-mail за да не известите за вашето откажување.
Доколку ве повикале двапати преку телефон за потврда на нарачката и не сте одговориле на повиците, тогаш оваа нарачка ќе биде откажана и ќе бидете известени преку електронска пошта.
Ако по 2 обиди за испорака на стоката на вашата адреса не одговорите, тогаш таа нарачка ќе се откаже и ќе бидете информирани преку е-пошта.

Ваша приватност

Хитком Скопје и najbrzo.mk согласно регулативата за Заштита на личните податоци на корисниците и во целост согласно законот за Заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2018) ги обработува вашите лични податоци како што се: име и презиме, адреса на домот, телефонски број и е-пошта. Хитком не ги собира вашите лични податоци сè додека не ги дадете тие информации со цел да направите онлајн купување.

Заштита на податоци

Ние ги заштитуваме вашите лични податоци и ги користиме само за внатрешна употреба. Никој друг нема да има пристап до вашите лични податоци без ваша дозвола.